(Фото) Скопје преплавено со диви депонии, подигнати 80 кубни метри отпад

ЈП Комунална хигиена-Скопје извести дека нивни екипи подигнале и транспортираа приближно 80 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во неколку скопски општини.

„Дел од активностите се одвиваа во општината Ѓорче Петров, каде што на улицата Лука Геров беше отстранета обемна дива депонија составена од 50 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад. Воедно, расчистени се и приближно 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонско пакување на улицата Тодор Александров, на потегот што води кон Средно Водно.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ повторно интервенираа и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата Максут Садик се подигнати 20 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште“., се вели во соопштението на претпријатието.

Коментари

Популарно