Граѓанин го тужи МВР пред Уставен, му биле издадени документи со старо име иако Преспанскиот договор бил на сила повеќе од две години

Денеска Уставниот суд одржува седница каде на дневен ред се најдоа 7 иницијативи. Она што паѓа во очи е тужбата на граѓанин против МВР поради загрозување на неговиоте уставни права да ја напушти државата.

Граѓанинот смета дека со дејствијата на МВР, конкретно со издавање на неговиот пасош и лична карта со старото име на државата, иако „Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, му е загрозено уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и да се врати во неа.

„Со овие дејствија на Министерството за внатрешни работи подносителот на барањето смета дека е ставен во понеповолна положба во однос на другите граѓани на Македонија кои извадиле пасош, лична карта и возачка дозвола во втората половина на 2021 година со новото име на државата и МВР сторило дискриминација врз подносителот врз основа на национална и социјална припадност“, стои во наводите од барањето.

Коментари

Популарно