Лила лично се прости од Зоки Фаци на неговиот погреб, па се обрати до јавноста

Познатата наша водителка Лила Филиповска долго време беше неразделна од Зоки Фаци и важеа за големи пријатели.

Но во последниот период ги заладија односите и се одалечија, но сепак Лила денес се прости од Зоран Василевски – Фаци откако беше присутна на неговиот погреб.

Таа се огласи на својот инстаграм профил каде што напиша:

-Денес те видов последен пат и те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува. Достоинствено. Знам дека не сакаш патетики па затоа нема да бидам. Па ќе пишам мал дел од омилената ни песна која се обидувавме да ја научиме на памет:

“Сјај во тревата Иако ништо не може да го врати Сјајот во тревата И убавината на цвеќето, Ние не ќе жалиме; Ќе најдеме сила во она што преостанува Во блажените мисли Кои се шират низ човековото страдание Во верата која гледа низ смртта…

Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден”

Коментари

Популарно