Спасен давеник откако паднал од чамец среде Дојранско езеро

Вчера граничната полиција спасила лице да не се удави во Дојранското езеро известува ЦУК.

„Регионалниопт ЦУК Стумица, известува дека преку Едиствениот повикувачки број за итни повици 112 во 11.08 часот, е добиена пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро. Веднаш е известена ПС Гевгелија, Гранична полиција која беше на терен, веднаш итно интервенираше и го извлече, го спаси лицето кое е здраво и живо, а го извлече и неговиот чамец“ , соопштија од ЦУК.

Коментари

Популарно