Голем пожар избувна во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт во Кисела Вода пренесува Курир.
Пожарот, според првичните информации, избувнал уште ноќеска во 01:20 часот на улицата „Трета Македонска Бригада, а интервенирале 20 пожарникари со осум противпожарни возила.
Во моментов се гледа и црн чад како се крева од објектот, а екипи на терен се обидуваат да се справат со огнените јазици. Причината и штетата дополнително ќе се утврдуваат. Засега нема информација за повредени.