Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска го пријавила новинарот Кристијан Ландов во полициска станица поради загрозување на сигурноста. Оваа вест ја сподели самиот Ландов во вчерашниот подкаст „ Претрес“.
“Новинар и ја загрозува сигурноста на Данела Арсовска. Од што се исплаши Данела Арсовска, од прашањата, од тоа и се крие. Нека дојде да каже зошто Скопје се наоѓа во ваква состојба каква што е. Но едно е сигурно на јавноста и се должат многу одговори“, кажа Ландов
Ландов го објави и видеото за кој тој вели дека е причина за пријавата во полиција. На него се гледа како службеното возило на Арсовска заедно со нејзинот шофер се возат надвор од работното време за приватни цели.
„Арсовска пријавила дека сум ја следел од пред град Скопје по булеварот „ Илинденска“ . Да не не смеам да се движам, таму каде што се движи Арсовска? Да не сум и се заканил?. Овие обиди за заплашување нема да поминат и ќе бидеме гласот на народот“, посочи Ландов.