Лице барано со потерница за криумчарење мигранти фатено како превезува лица од Непал, имало брканица со полицијата

Вчера во два наврати во 21.10 и 21.30 часот полицијата уапси две лица И.Н.(32) од с.Крушопек, скопско и Г.П.(50) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што соопшти МВР тие со возило „голф“ превезувале три женски лица од Непал.

„Претходно, околу 19.15 часот во близина на с.Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица мигранти од Непал. Притоа, тие не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, а откако биле употребени средства за присилно запирање на возилото го напуштиле возилото. Веднаш потоа мигрантите биле пронајдени и биле сместени во Транзитниот центар Табановце, а по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода и ИН. и Г.П“ велат од МВР.

За овој настан бил известен јавен обвнител. При направената проверка било констатирано дека И.Н. бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот каде што издржувал шестгодишна затворска казна за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 Б од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

Популарно