(Фото) Уште едно дете прегазено на „Улицата на хоророт“ во Аеродром - најголемиот инженерски „кикс“ во Скопје

Уште еден малолетник настрада на скопските улици. Имено возило удрило во малолетник на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и сервисна улица која ги поврзува ул.„Васко Карангелевски“ со ул.„Коста Новаковиќ“ во скопски Аеродром - локација која се смета за „црна точка“ во сообраќајот.

- Во петокот во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и сервисна улица која ги поврзува ул.„Васко Карангелевски“ со ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(42) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, известија од полицијата во дневниот билтен. 

Скопјанецот Марјан Лазаревски вината ја лоцира во Град Скопје. Тој и претходно алармираше за ризикот за пешаците-ученици во овој дел на Скопје, каде има училиште во непосредна близина. 

- Град Скопје, фала ти што ни го подари генијалното сообраќајно решение Бул. Васко Карангелески и го смести пред основно училиште. Благодарение на најголемиот инженерски кикс кој го памети Скопје. Оваа улица, популарно позната помеѓу аеродромци како „Улица на хоророт“ веќе е рекордер во сообраќајни незгоди. Уште едно дете со ТЕШКИ ПОВРЕДИ заврши во болница, а институциите спијат. Што повеќе треба да се случи за да се разбудат институциите?  - праша тој на својот фејсбук профил. 

Коментари

Популарно