Директорот на ЈСП извршил дискриминација врз претседателката на синдикатот, и се одмаздувал што излегла на телевизија

Комисијата за заштита од дискриминацијата утврди дека директорот на Јавното сообрќајно претпријатије Драги Кушовски ја дискриминирал претседателката на синдикатот на претпријатието на начин со кој извршил прераспределување од едно во друго работно место.

Комисијата од направениот увид заклучила дека претседателката на синдикатот најпрво била прераспределена на работното место „Организатор на автобуски стојалишта“ каде што била предвидена помала плата од таа што ја заработувала во моментот. Прераспределувањето било направено со образложение „поради итни работи на претпријатието“ со што подносителката на претставката не се согласува од причина што на работното место „Диспечер на оперативниот контролен центар“ кое таа го извршува има недостаток од луѓе. Дополнително е што подносителката на претставката до пензија има уште 2 години, при што таа не била обучена, па за новото работно место ќе треба посебна за обука за што во моментов нема никаква оправданост од таков трансфер.

Во меѓувреме поднесителката на претставката поднесува приговор до Второстепената комисија каде таа одлучува во нејзина корист при што ЈСП повторно ја враќа на работа. Иако од ЈСП до Комисијата за заштита од дискриминација испратиле документи каде што велат дека подносителката е вратена на старото место сепак Комисијата одлучува во нејзина корист и носи одлука дека директорот на ЈСП извршил директна дискриминација кон неа.

Дополнтелно од комисијата му препорачуваат на директорот Кушовски во иднина да се воздржи од превзимање на дејства што вршат дискриминација и кои предизвикуваат нееднаков третман на вработените.

Коментари

Популарно