За некои хороскопот е несериозна работа на која воопшто не треба да се обрнува внимание, додека други своите намери и постапки ги прилагодуваат на тоа што им го кажува нивната „ѕвездена мапа“.
А еве што кажуваат ѕвездите за идеалниот појадок на секој хороскопски знак.
Овен
Тост со малку авокадо, зеленчук и овошје, чинија со овесни снегулки или еден зелен смути се идеален појадок за овој знак.
Бик
Кога се работи за појадокот, Биковите јадат сè што ќе им дојде при рака или што ќе посакаат. Но ѕвездите препорачуваат јајца, палачинки или зелена салата.
Близнаци
Сакаат лути или солени вкусови, но им се препорачува јајца, пецива или смути со пудинг.
Рак
Утрата обично ги започнуваат со кафе, а можеби би требало да размислат за поздрави опции. Овесна каша со овошје, палачинки со мед, смути од авокадо се одличен избор за нив.
Лав
Креативните Лавови сакаат помрсна храна, па не е необично ако појадуваат тестенини со сос. Поздравиот избор би бил само да внимаваат на количината.
Девица
Девиците имаат тенденција да го појадуваат она што најбрзо се подготвува, па смути или посно сирење со овошје би биле идеален избор за овој знак.
Вага
Омлет од јајца за Вагата е идеален оброк, но не можат да одолеат на кроасани во секоја комбинација.
Скорпија
Пецива со сирење, пецива со цимет или лесен сендвич се секогаш првиот избор за Скорпиите.
Стрелец
И на Стрелецот омлетот му е омилено јадење, но би можеле да ги вклучат и чиа семето и авокадото во некој омилен напиок.
Јарец
Ѕвездите на Јарците им препорачуваат леб од цели житарки и овесна каша со тиква.
Водолија
Овесни снегулки, јогурт со свежо овошје или омлет со свежо сирење се идеален појадок за нив.
Риби
Рибите сакаат да внимаваат што внесуваат во организмот, но на бурек со јогурт не можат да одолеат.