Антониа Гиговска гостуваше во подкастот „Равенка за успех“ со Маја Поцевска, кој премиерно ќе се прикажува вечерва во 20 часот на Youtube каналот на ЗаСе.
Таа на својот Инстаграм објави краток видео-тизер од гостувањето, со порака дека тоа е едно од најискрените интервјуа што ги дала во животот.
Темата на која зборува Антониа е машко-женското изневерување, љубов и почит.
Па, во интервјуто, таа вели:
„Да сум маж, мене ќе ми е, искрено, голем минус да ме изневери жена. Жена изневерува само кога е незадоволна, кога е несреќна и кога мажот не го прави она што треба да го прави вистински.
Право машко треба да знае како се сака жена, а тоа не е само да ти каже „Те сакам“. Што имам јас од твоето „Те сакам“ ако ти не ми докажуваш со дела како ме сакаш.
Мораш да ме сакаш, да ме почитуваш, мораш да ме заштитиш, мора да знаеш да се носиш со сè, едноставно, да ме почитуваш. Тоа, мислам дека е главното.
А сум била многу сакана. Ама сум била и многу повредена. Тенка е линијата, ме сакаш, а ме повредуваш“.
Целото интервју можете да го прочитате ОВДЕ