Градоначалничката на Скопје била присутна на самитот Г20 што се одржа во Бразил во периодот од 14-17 ноември. Оваа вест ниту не беше пренесена од нејзинот кабинет, а немаше ниту било какво известување.
За ова се дознаваме од официјалната страна на Советот на Европа каде градоначалничката Арсовска го преставувала Конгресот на Советот на Европа каде говорела за климатските промени и човековите права.
Арсовска има присуствувано на многу настани организирани од фондации и држави, но она што може да се забележи е отсуството на известување од страна на нејзинот кабинет за нејзините активности.
Градоначалничката очигледно повеќе ги избира овие меѓународни настани, каде збори на теми кои не се во допирна точка со функцијата која ја извршува наместо да ги решава проблемите на скопјани, еден таков пример е катастрофалната ситуација со ЈСП.