ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода.

- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците дел од ул. Козле, дел од објектите над КАМ-маркет кон Центар во општина Карпош;
- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на ул. Ѓорѓи Андреевиќ и ул, Горно Лисиче во општина Ѓорче Петров;
- Од 09:30 до 13:00 часот, корисниците на ул Јабланица бр.101А во општина Кисела Вода.
Центарот за управување со кризи известува дека денеска поради уличен дефект ф-80 мм на ул. Петричка 11, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.