(Фото) На македонскиот Маж на годината му се роди ќерка

Битолчанецот Љупчо Крстевски кој публиката на социјалните медиуми го одбра за „Маж на годината“ стана татко по вторпат.

„Се роди мојата втора радост. Нека расте жива, здрава и среќна. Добредојде Јоана. Фала ти Господе“, напиша тој на „Фејсбук“.

Јоана е библиско име со eврејско потекло. Женска форма на името Јован, од еврејскиот збор Johanan. „Бог е милостив“ е значењето на ова име.

Познатиот комичар има илјадници следбеници на „Инстаграм“, а публиката го памети и по учеството во легендарното шоу „К-15“. Беше избран за „Маж на годината“ со речиси тројно повеќе гласови од второпласираниот, јутјуберот Стефан Лазаров.

Крстевски вчера не присуствуваше на гала настанот во Националната опера и балет за да го подигне признанието, но се заблагодари за наградата преку снимена видеопорака.

„Оваа награда ја посветувам на сите оние поголеми мажи од мене, кои несебично и пожртвувано се бораеа да ја изгаснат Македонија ова лето. Исто така, оваа награда ја посветувам и на моето семејство и на мојата денес родена ќерка која е всушност и причината зошто јас не сум вечерва таму со вас. Се надевам дека догодина ќе имате категорија „татко на годината“и таму ќе ви земам прва награда. Благодарам на сите, за се’“, кажа тој во обраќањето.

Коментари

Популарно