Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во гостувањето во дневникот на Сител говореше за јавниот превоз во Скопје.
Тој истакна дека Владата прави испитување на пазарот за најавената набавка на електрични автобуси за јавниот градскиот превоз.

„Не е на ниво на желба. Во соработка со Генералниот секретаријат и Владата правиме испитување на пазарот. Ова беше работа која требаше да ја прави ЈСП, но за жал состојба е таква каква што е и тука треба да се корегираат многу закони во насока на одговорност на градоначалниците“, рече Николоски
Николоски посочи дека ќе се оди со повеќегодишна набавка со цел да не се оптовари Буџетот наеднаш затоа што станува збор за голем износ на средства.
„Идејата е да се плаќа четири години на осум рати, на секои шест месеци. Ќе се набават 120 автобуси и најмалку 50 полначи и на овој начин да се решава сообраќајниот хаос што се случува. Мислам дека ова ќе е чекор напред кон решавање на проблемот“, рече Николоски.