Во Велес e пронајден мртов 43-годишен маж

Денеска во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дом на улица „Благој Ѓорев“ бил пронајден починат 43-годишниот А.А., информира попладнево од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска.

Таа појаснува дека лекар констатирал смрт, известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Од СВР Велес најавија дека по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција во Институт за Судска медицина Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Коментари

Популарно