Инцидент со државното знаме имало и во Кичево

Инцидент со државното знаме имало и во Кичево, на Денот на одбележување на албанското знаме.

- На 28.11.2024 година во 14,20 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, 17-годишно момче од Кичево, го нарушил јавниот ред и мир со неовластено отстранување на државно знаме. Тој, од столб за улично осветлување, со рака го отстранил македонското државно знаме, а потоа и едно албанско знаме, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Коментари

Популарно