Најдобриот празничен подарок за секој хороскопски знак

Се ближат новогодишните празници и веројатно сте во дилема што да ѝ подарите на вашата сакана или на друга драга личност.

За да не талкате премногу и да не губите драгоцено време, мал астролошки водич може значително да го скрати вашето пребарување.

Овен

Овенот сака интензивни парфеми, особено амбра или мошус, а за шминка избира топли и светли бои. Можете да му дадете на маж – актовка, кожен ремен или рачен часовник.

Бик

Бикот ќе се израдува и со вратоврска, убав шал, кожен паричник или карти за омилениот пејач или бенд, а ќе биде воодушевена и со музичка кутија за накит, свилена марама, козметичка чанта или ланче.

Близнаци

Доколку сте се одлучиле за полуксузна варијанта за неа, ќе ѝ се допаднат унисекс парфемите или мирисот на ванила. Обожаваат козметички производи, па колекцијата за нега на лице и тело е нешто што никогаш не е излишно за жената Близнаци. Изненадете го вашиот маж со футрола за очила, симпатична фигурина за ретровизорот на неговиот автомобил, приврзок за клучеви, мобилен телефон, таблет…

Рак

Најдобар подарок за чувствителните Ракови е романтичен роман, но тие ги сакаат и историските. Букет бели рози секако ќе го воодушеви припадникот на овој знак. Ѓердан од бисери или накит од сребро нема да остави рамнодушна ниту една жена во овој знак. На мажите од овој знак ќе им се допадне книга, фото албум и игри на табла, како шах, а од облеката шал, вратоврска или манжетни.

Лав

Ако ѝ подарувате накит, жената во знакот Лав мало златно срце како приврзок ќе ја собори од нозе. На нивната силна личност ѝ треба силен парфем, па затоа изберете посилни мириси, особено оние со ориентални ноти. Бидејќи Лавовите се големи филмски љубители, билетите за кино или театар се одличен подарок. И уште нешто, замотајте ги подароците во сјајна хартија со неизбежниот црвена боја, тоа ги воодушевува.

Девица

Педантните Девици ќе бидат задоволни со практични подароци, како што се мобилен телефон, рачен часовник, будилник, фото албум или дневник. Практично, значи и облека, па кожните ракавици, тренерката или костим за капење се она што повеќе ќе го ценат отколку ако им купите некој брендиран предмет.

Вага

И мажите и жените родени во овој знак сакаат козметика за нега на лице или тело. Во исто време и украсна вазна, романтична слика на заљубен пар или украсна порцеланска фигурина ќе им биде траен спомен. Купете вратоврска или елегантна кошула за маж од овој знак, а жената изненадете ја со прекрасна долна облека од тантела, кожени ракавици, мала уметничка слика или белегзија.

Скорпија

Скорпиите не се љубители на скапи подароци, не паѓаат на злато и сјај. Секси долната облека со тантела или проѕирна ноќница ќе ја воодушеви припадничката на овој знак. Црвената гладиола или префинетата убавина на орхидејата е во склад со нивната страсна природа. Сакаат скапи парфеми, но и книги кои опфаќаат техники како таи-чи, јога, различни форми на вежби за дишење и медитација, бидејќи се фасцинирани од источните уметности, но сакаат и криминални приказни и психологија .

Стрелец

Тренерка, ранец, компас, двоглед или додатоци за риболов можат пријатно да го изненадат мажот од овој знак. Благите тоалети, спортските дезодоранси или кремите со мирис се исто така практично решение за Стрелците кои го сакаат спортот. Жените обожаваат накит од необичен облик и материјал, па затоа преголемите ѓердани, тиркизниот или накитот од тигрово очи се она што навистина ќе им се допадне. Нивните астролошки цветови се љубичици и каранфили, а ќе ги воодушеви и сината роза.

Јарец

Практичните Јарци сакаат нешто што ќе им биде корисно. Слаби се со книгите и не можете да погрешите затоа што што и да им подарите, сигурно ќе го прочитаат. На мажите од овој знак ќе им се допадне рачен часовник, ракавици, кожен паричник или вратоврска, додека жените ќе се воодушеват со комплет чешли, висококвалитетен лак за коса, шминка во нежни земјени тонови или парфем со силен мирис, како „Шанел“. Ако изберете накит, нека биде едноставен во дизајнот и изработен од оникс, нивниот астролошки камен.

Водолија

Неконвенционалните Водолии се олицетворение на уникатноста, па подарете им нешто оригинално. Мажот Водолија ќе биде воодушевен од ваша лична креација, подарок што ќе го направите сами, можеби рачно изработена честитка и љубовна песна што самите сте ја смислиле. Ако им дадете козметички производ, нека отстапува од класиката. Изберете производи кои се направени според принципите на источната медицина, како што е ајурведската козметика. Ќе сакаат облека, чаши или шолји за кафе со необичен и егзотичен дизајн или со пораки.

Риби

Рибите ќе уживаат во сè што има врска со водата или морето. Мала слика со морски мотив или златен приврзок во форма на нивниот хороскопски знак сигурно нема да ги остави рамнодушни. Подарете парфем или гел за туширање во тиркизно шише или најдете такви шноли, марама за коса, и ќе ги воодушевите жените од овој знак. Мажот во знак Риби ќе биде воодушевен од вашата заедничка фотографија во црвена рамка во форма на срце, а можете да му подарите и мал аквариум со златна рипка или фотоапарат.

Коментари

Популарно