Приватните превозици од денеска повторно на скопските улици

Приватните превозници се откажаа од блокадите и најавија дека од денеска се враќаат на улиците, откако на завчерашната координативна средба во Град Скопје е постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар.

Во изјава дадена по состанокот, претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски изјави дека новите цени треба да се применуваат од 1 јануари, идната година.

- Успеавме да се договриме дека за рок од 15 дена ќе биде изработена стручна анализа заедно со нас, со координаторите на советничките групи, ќе се најде некое оптимално решение за да може да се направи нова методологија на цената, да се стават ставки кои треба да бидат структурирани и заклучно со 1 јануари, 2025 година стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на Договорот, рече Зафировски.

Од Град Скопје претходно соопштија дека по Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи кои ги претставуваат политичките партии во Советот на Град Скопје, членови на Советот, претставници на стручните служби на Град Скопје и претставниците на приватните превозници.

На средбата, се посочува, е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз, од страна на експерти вешти лица, претставници на стручните служби на Град Скопје од соодветните сектори и со земање на предвид на поднесените податоци од страна на претставниците на приватните превозници. 

Коментари

Популарно