Вчера во 17.10 часот во полициска станица во Скопје било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и сервисна улица во Скопје.
„Патничко возило „мицубиши колт“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(71), излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници од Скопје и уште една сопатничка В.Т.(64) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се вели во билтенот на МВР.