Љубовта често доаѓа во најнеочекуваните моменти и нѐ соборува од нозе кога најмалку ја очекуваме. Понекогаш кратка средба или спонтан разговор може да разбуди чувства за кои не ни знаеме дека се можни.
Според астролозите, кон крајот на годината ѕвездите имаат посебни планови за одредени хороскопски знаци. Имено, четири хороскопски знаци наскоро би можеле да се заљубат до уши.
Рак
Раковите под влијание на топли и носталгични емоции ќе се отворат пред личноста со која се чувствуваат безбедно. Во наредните недели ќе имаат средба која ќе ја разбуди нивната романтична страна. Можеби нема веднаш да ги признаат своите чувства, но штом ќе ги препознаат, целосно ќе се предадат на љубовта.
Вага
Вагите ќе влезат во период во кој нивната харизма и шарм ќе ги привлекуваат потенцијалните партнери како магнет. До крајот на годината може да очекуваат неочекуван состанок, можеби на некој социјален настан или преку пријател. Нивната врска ќе има хармоничен почеток, а чувствата ќе се развиваат побрзо отколку што планирале.
Стрелец
За Стрелецот љубовта доаѓа како авантура – брзо и неочекувано. До крајот на годината, една случајна средба може да ја промени нивната перспектива и да им ја покаже убавината на емотивната поврзаност. Нивната природна љубопитност и отвореност за нови искуства ќе бидат клучот за создавање посебна врска.
Риба
Рибите ќе најдат љубов која ќе биде резултат на длабоко разбирање и суптилни знаци на внимание. Нивната интуиција нема да ги измами кога станува збор за пронаоѓање на личност која е компатибилна. До крајот на годината ќе се чувствуваат како да ја пронашле својата „сродна душа“, што ќе ги поттикне целосно да се ослободат од емоциите.