Опасен тик-ток предивик се шири меѓу младите во земјава. Имено станува збор, еден да скокне со испружена рака како стрип ликот Супермен и групата го фаќа и го фрла момче или девојче во висина, но можно е и да се тргне настрана.
Од видеата што кружат по социјалните мрежи најчесто се гледа дека групата се трга настрана и детето паѓа директно на подот што е серизен ризик да биде повредени.
Неофицијално, ваков инцидент е пријавен и во полицискиот билтен.
- На 04.12.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, Ф.Д.(32) од село Пакошево, општина Зелениково, пријавил дека на 03.12.2024 околу 12.30 часот, по завршување на часовите, во близина на основното училиште во село Зелениково, скопско, во кое учел, неговиот осумгодишен син се здобил со тешка телесна повреда при игра со соучениците. Повредата е констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.