Министерството за внатрешни работи (МВР) утринава реализираше голема акција во рамките на која се уапсени 29 лица, меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Преку нивното здружување нанеле штета од 6,5 милиони евра
Големата истрага на МВР е поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино. Покрај Ковачевски, кој важеше за еден од најблиските соработници на Зоран Заев, меѓу уапсените се наоѓаат и други физички и четири правни лица.
На списокот на осомничени е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.
Со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола.
Стефанов и Матевски се осомничени дека помогнале да се злоупотреби постапка за јавен повик, како членови на злосторничко здружение.
Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба, дознава Плус инфо.
МВР најави подетални инфоирмации за подоцна.
-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.
Извор: Фактор.мк