Маж од Македонија почина во зимски центар во Бугарија

Во месноста Шилигарника над Банско, Република Бугарија, животот го загуби 51-годишен маж од Македонија. Според првичните информации, најверојатна причина за смртта е срцев удар.

Локалната полиција соопшти дека при прегледот на телото не биле пронајдени видливи траги на насилство. 

Трагедијата се случила додека мажот бил на одмор со семејството во познатиот зимски центар. Истражните органи ги утврдуваат сите околности поврзани со случајот. 

Коментари

Популарно