Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово сепак тие се покажаа неточни.
Последните информации се дека Ковачевски не е во Македонија и тој ја има напуштено државата уште во септември. Се шпекулира дека е во Виена.
Освен Ковачевски недостапни за полицијата се уште три лица меѓу кои и Васко Стефанов кој го замени Ковачевски на директорското место.
Од МВР не споделуваат повеќе информации туку само велат дека јавноста ќе биде соодветно известена.
„Во тек е полициска акција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.
Детали за акцијата за подоцна најавуваат и од ОЈОГОКК.