На денешниот брифинг со новинарите Јавното обвинителство соопшти дека е отворен предмет против Артан Груби и против судијата Енвер Беџети откако беа ставени на црната листа на САД и откако амбасадорката Анџела Агелер повика надлежните да ги испитаат наводите за вмешаност во корупција.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски истакна дека уште вчера е оформен предмет против двајцата.
„Уште вчера оформив предмет да се обидеме да обезбедиме докази да ја провериме кривичната одговорност на лицата кои се доведуваат за поткуп и трговија со влијанија. Обвинителстово ќе достави нредби за понатаму. Сакам да нагласам дека соработката со САД и амбасатада е одлична и тие ни помагаат во борбата со корупцијата“, рече Коцевски.