Партијата на пензионери, најпринципиелно се спротиставува на постоењето на реалната можност за укинување на правото за бесплатно користење на градскиот јавен превоз во Скопје, велат оттаму.
- Во овие предизвикувачки времиња за пензионерскиот стандард, правото на користење на јавниот градски превоз во Скопје, е една од најдобрите одлуки за унапредувањето на повеќе сегменти, во не така светлото пензионерско секојдневие во главниот град. Од таа голема суштинска причина, отворено ги повикуваме најодговорните институции во Владата и Советот на Град Скопје, детално да ги разгледаат и решат сите отворени прашања и проблеми во овој сегмент, и да донесат соодветни позитивни и практични решенија, со кои ќе се продолжи со досегашната добра пракса за добробит на сите пензионер, но секако и за учениците и студентите во главниот град, велат од партијата и додаваат:
- Грижата за многубројната, млада и највозрасна популација во Скопје, не е само најдобра долгорочна политичка инвестиција на сите политички субјекти во нашата земја туку тоа претставува и нивна базична обврска за која сите тие се изјаснија во своите политички платформи и предизборни ветувања.