По најавата од страна на „Водовод и канализација“ дека од петок вечер до сабота ќе биде затворен главниот градски цевковод, граѓаните во Скопје масовно прават залихи на вода, а полиците во маркетите веќе се празни.
Во разговор со вработена во еден од локалните маркети, таа открива дека по објавената информација за санирање на дефектот и прекинот на водоснабдувањето, граѓаните брзаат да купат дополнителни залихи за да не бидат оставени без вода текот на викендот.
„Во ред е да се санира дефектот, но многумина сметаат дека не е во ред да не се даде конкретен период кога ќе биде нормализирано водоснабдувањето“, велат граѓаните од населбите кои се најпогодени од прекинот. Тие додаваат дека оваа ситуација ги става во непријатна позиција, со зголемени трошоци за купување вода, а особено што се случува во викенд кога многу семејства се дома.
Тема која деновиве ги запали социјалните мрежи, твитерџиите пишуваат на оваа тема.
„Скопје без вода, а цената на еден квадрат е 3500 евра“, пишуваат корисниците, додека други го споредуваат Скопје со Белград: „Белград има ‘Белград на вода’, а ние имаме ‘Скопје без вода’“.
Извор: Скопјеинфо.мк