Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори, вчера во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 кажа дека не се согласува со тоа дека имаме најскапа храна во регионот. Според него во Македонија има најевтин леб во Европа.
„Не се согласувам, не плаќаме, напротив најевтина е… Еве конкретно лебот во Македонија е најевтин во Европа, по испитување од Евростат имате најевтин основен производ во Македонија“, вели Ѓорѓиевски.
Тој вели дека цените зависат од некои геополитички фактори.
„Ние не можеме Македонија да ја третираме како изолиран остров некаде и само тука цените да ги креираме сами. Се буквално од прехранбените суровини, па и сите други стоки се на берза, зависат од берзанските цени“, вели Ѓорѓиевски.