(Видео) Панче Тошковски: Казната за полицаецот што го пушти Груби ќе биде памет за секој во иднина

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Наткаст“ на Курир истакна дека се надева дека  казната која ќе следи за полицаецот кој го пропушти Груби ќе биде памет за секој еден друг полицаец во иднина дали ќе остане фрапиран од страна на одредени индивидуи на граница или ќе си работи по закон и ќе го даде долгот за оваа држава за што е платен од парите на граѓаните.

„По првичните информации кои ги имам добиено, станува збор за кардинална грешка, која јас најблаго што би можел да ја дефинирам, е дека станува збор за непостапување согласно стандарди и оперативни процедури. А последицата на неговата грешка е страшна. Ќе биде информирана јавноста за сето она кое ќе го сториме во иднина по однос на овој случај. Се надевам дека со последиците на одговорот во однос на кабаетот на полицаецот и со казната која ќе следи, ќе биде памет за секој еден друг полицаец во иднина дали ќе остане фрапиран од страна на одредени индивидуи на граница, од тип на возила или ќе си работи по закон и ќе го даде долгот за оваа држава за што е платен од парите на граѓаните“, посочи Тошковски.

Нагласи дека вакви кардинални грешки се недозволиви. сторена е груба повреда на службената должност.

Коментари

Популарно