Вработени во Јавното претпријатие Улици и патишта, утрово протестираат поради неисплатени плата и К-15.

Протестот се одржува пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, организиран е од Независниот синдикат во јавното претпријатие, при Конфедерација на синдикални организации на Македонија, КСОМ.
Ситуацијата во ова јавно претпријатие кулуминираше денес откако веќе подолг период вработените аламираа за лошата состојба во претпријатието. Тие прстот го вперија директно во градоначалничката Арсовска и менаџментот на компанијата.