По саботниот прекин водата во Скопје е безбедна и исправна за пиење

По прекинот на водоснабдувањето во сабота извршен е вонреден мониторинг од страна на Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација - Скопје“ каде е констатирано дека водата е санитарно исправна и и граѓаните може непречено да ја користат.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), мониторингот опфатил девет клучни места: Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош, од каде биле земени примероци од водата за пиење кои потоа биле физичко-хемиско и микробиолошко лабораториски тестирани. Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање било изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимера за верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

„Според добиените резултати, сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки се во согласност со Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, со што е констатирано дека водата од водоснабдителниот систем на Град Скопје е санитарно исправна и граѓаните може непречено да ја користат“, наведува ЦУК.

Коментари

Популарно