Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев во гостувањето во Дејли Клик на ТВ21 објасни зошто прифатил да биде дел од новото раководство на ФФМ и неговата позиција како спортски директор на репрезентацијата.

„Прифатив да бидам дел од новото раководство на ФФМ, за да го вратиме фудбалот. Со новиот претседател Масар Омерагиќ имаме исти идеи, и имаме луѓе кои ќе придонесат да се подигне нивото на фудбалот. Ова е работа нова за мене, ќе ми треба време да се навикнам, но борец сум по природа, и се надевам дека брзо ќе се адаптирам“, рече Пандев и додаде:
„Време е да се мрднат работите од мртва точка. Во изминатите години фудбалот падна на многу ниско ниво, особено клупскиот. Мислам дека со нашето доаѓање ќе ставиме врвни селектори на младинските категории, и ќе ја пополниме таа дупка која се создаде“.