19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско

19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско.

На 29.12.2024 во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат село Сиричино кон село Туденце, тетовско, патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(19) од село Туденце, удрило во малолетен пешак. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, соопштија од полицијата. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. 

Коментари

Популарно