„Пежо“ излета од пат во охридско, тројца дваесетгодишници се тешко повредени

Млад возач и двајца негови сопатници се тешко повредени откако со возило излетале од пат во охридско.

Денеска во 00.15 часот по полноќ во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид - Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(20) од село Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници С.С.(20) од село Велмеј, општина Дебрца и М.К.(21) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. 

Коментари

Популарно