Угостителите тријат раце, услугите им се поскапи за 6 отсто, ноќевањата се зголемени за фантастични 23 проценти

Цените на угостителските услуги никако да сопрат. Во период од една година забележано е поскапување од 6.1 процент пишува порталот Пари.

Најголемо поскапување има кај ноќевањата но исто така по нагорна линија се движеле и цените на храната и на пијалаците во периодот декември 2023 - декември 2024 година.

На месечна основа, од ноември до декември индексот на цените на угостителските услуги е зголемен за 0,6 насто, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Исто така, се посочува дека кумулативниот индекс на цените за услугите од овој вид, во ланските 12 месеци е зголемен за 5,6 проценти споредено со состојбата од 2023 година. А, пак, во однос на декември 2023 е регистриран раст од 3,5 насто.

Од ноември до декември цените на храната застапена во угостителската понуда нараснале за 0,3, а годишната промена е измерена со 1,6 проценти. Најмногу поскапеле варивата – за 4,5 насто (месечно 0,1%), салатите за 5 (за еден месец 1,4%) лебот, чија цена на месечно ниво е повисока за 0,2, а на годишно за 5,4 проценти.

Алкохолните за еден месец поскапеле 0,8, а за една година 4,5 насто. За истиот месечен процент се повисоки цените и на безалкохолните пијалаци, со таа разлика што на годишно ниво се зголемени за 6,3 насто.

Во текот на декември цените на ноќевањата добиле дополнителни 1,3 проценти. Затоа, пак, за една година се поскапи за 22,8 насто.

Коментари

Популарно