Хрватската полиција од Риека уапси тројца државјани на Македонија на возраст од 37, 42 и 50 години кои извршиле вкупно 16 кражби од кои едно е во обид.
Според резултатите од истрагата, осомничените во периодот од март до крајот на септември минатата година упаднале во 16 станови во Риека. Од становите украле накит, пари и други вредни предмети, при што на хрватските државјани им нанеле штета од најмалку 97 илјади евра.
Во увидот пронајдени се дел од украдените предмети и специјален алат за кражба што се користел при извршувањето на делата. Покрај кражбите во Риека, истражителите откриле дека осомничените во август извршиле две слични кривични дела во Макарска, додека во октомври извршиле кражби и во областа на Загреб, каде на крајот биле уапсени од полициски службеници од полициската управа во Загреб.
По завршување на обработката, тројцата осомничени со кривична пријава се предадени на надзорникот на притворот и ќе одговараат пред надлежното државно правобранителство.