Секој од нас си има свои „бубачки“ со кои им оди на нерви на оние околу нас.
Во продолжение, проверете што кажува вашиот хороскопски знак за тоа:
ОВЕН – нервоза
Тие се раздразливи и со ова ги иритираат другите. Ако се обидете да им помогнете, тогаш може уште толку да се изнервираат и да бидат бесни.
БИК – тврдоглавост
Дури и откако ќе го убедите со аргументи дека не е во право, тврдоглавиот Бик нема да сака да попушти.
БЛИЗНАЦИ – неодлучност
Тие не се нешто најдобри во носењето одлуки, па затоа побезбедно е вие да одлучите и само да им соопштите.
РАК – раздразливост
Тие се забавни, но колку повеќе време поминувате со нив ќе сфатите дека лутината цело време им е на врв на носот.
ЛАВ – опсесивни
Лавовите се сакаат себеси, а со тоа го сакаат и најдоброто за себе, дури и по цена останатите да се чувствуваат помалку важно.
ДЕВИЦА – критичари
Девиците, едноставно, не знаат како да се воздржат од критикување на другите, а тоа може навистина да оди по нерви.
ВАГА – лесно лутење
Вагите се лутат дури и за најневажни ситници, а тоа им оди на нерви на сите околу нив и целосно ги исцрпува.
СКОРПИЈА – затвореност
Скорпиите секогаш се загрижени за нешто, но ништо од тоа не го споделуваат со блиските. Сепак, јасно даваат до знаење дека нешто не е во ред, но не кажуваат што.
СТРЕЛЕЦ – несигурност
Стрелците се подготвени да вршат притисок додека да го добијат она што го сакаат, но сето тоа се должи на нивната несигурност.
ЈАРЕЦ – упорност
Јарците не знаат кога им е доста и не прифаќаат „не“ како одговор. Затоа и многу често им се попушта.
ВОДОЛИЈА – непредвидливост
Водолиите се непредвидливи и тврдоглави, постојано бараат нешто ново, но и остануваат емоционално недопирливи.
РИБИ – срамежливост
Рибите се забавни како друштво и со нив никогаш не е здодевно, но тешко можете да допрете до нив бидејќи во тој момент се затвораат.