Стефковски со хуман гест, донираше 50.000 денари за лекување на младата Ана

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се приклучи на јавниот повик за собирање на финансиски средства за лекување на 16 -годишната Ана Радевска која боледува од ретка болест.

Ана е средношколка во СУГС Орце Николов.

- Веднаш штом го видов повикот на социјалните мрежи, побарав контакт од семејството со цел да ги известам за мојата одлука да доделиме финансиска помош во висина од 50.000 денари за лекувањето на малата Ана. По разговорот со мајката потребната документација е доставена во општината и се работи на подготовка на Решението за исплаќање на средствата – истакна градоначалникот Стефковски.

Апелираме до граѓаните согласно своите можности да се приклучат на хуманитарната акција и сите заедно да помогнеме за лекувањето на малата Ана. Ова не е прва хуманитарна активност во која градоначалникот на општина Гази Баба се приклучува со своја поддршка, порачаа од локалната самоуправа на Гази Баба. 

Коментари

Популарно