На пешачкиот премин пред Скопје Сити Мол беше прегазена девојка. Припадници на полицијата дојдоа веднаш на местото на настанот, а по петнаесетина минути дојде и екипа на брза помош која ја однесе повредената.
Девојката беше во свесна состојба, но се движеше со потешкотии.


Возачот кој ја удри девојката застана со возилото и понуди помош на повредената.
Девојката поминуваше на пешачкиот од Карпош 4 кон Сити Мол, при што во втората лента ја удри возило марка мерцедес.
Сообраќајната незгода се случи петнаесетина минути пред 16 часот
За повеќе детали очекуваме извештај од мвр.