Во новата епизода на поткастот „На Каде Одиме“, зборуваме со Валентина Тасева – CEO и сопственичка на Semos Education, визионерка со децении искуство во неформалното образование.
Разговараме за сè поголемото значење на неформалното образование во современиот свет, за зошто младите сè повеќе се насочуваат кон области како анализа на податоци и дигитален маркетинг, и како желбата да се направи промена често стои во коренот на секоја инспиративна приказна.
Валентина несебично споделува практични совети за личен и професионален развој, како и начини како преку континуирано учење, љубопитност и упорност, секој може да изгради кариера што има значење.
Оваа епизода е вредна за сите кои се стремат кон раст, промена и влијание – без разлика дали се на почетокот од својата кариера или веќе се на лидерски позиции.
Не пропуштајте – на YouTube и Spotify каналите на KARIERA.mk