Останаа уште само неколку дена до еден од највозбудливите настани ова лето, настапот на светски познатиот диџеј HUGEL во Охрид на 3 август.
 - Copy 33.jpg)
Со директна и емотивна порака до македонската публика, HUGEL најави спектакл:
„Македонијо, ве носам во срцето. На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид. Едвај чекам да се видиме!“
https://www.instagram.com/reel/DMfn1xQME4J/?igsh=MWVhb3QyMDJzOGJ6bQ==
Настанот ќе се одржи на спектакуларна локација под отворено небо, а публиката ќе има можност да ужива во глобалните хитови како „I Adore You“, „Loosen Up“, „Morenita“ и многу други.
Настапот на HUGEL во Охрид ќе биде продукциски усогласен со светските стандарди. Организатори се Intermezzo Music Rituals во соработка со „Прагма продукција“ кои најавуваат: високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој ќе понуди целовечерно аудиовизуелно доживување.
 - Copy 13.jpg)
Ова лето, Охрид ќе стане дел од светската мапа на електронската музика. Еден од највлијателните диџеи на нашето време, HUGEL, го избра „Билјанини Извори“ како своја следна дестинација и тоа во екот на неговата најголема светска турнеја.
Бројот е строго ограничен, а интересот е очекувано огромен, затоа резервирајте го вашето место навреме.
Карти преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.