Мицкоски: Инфлацијата се намалува, нема зголемување на ДДВ, нема прифаќање ултиматуми

Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очкеуваме во следниот период да се намалува. Тоа е добра вест и за граѓаните, бидејќи на тој начин и тие ќе имаат подобар стандард и поквалитетен живот. Очекувам во следните два квартали да ја одржиме стапката на раст во рамки на бруто домашниот производ и во вториот квартал да порасне некаде околу 7,8 отсто што е важно, бидејќи кога го пресметувате буџетскиот дефицит важен е номиналниот раст на бруто домашниот приизвод, кои ќе биде највисок досега, истакна премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот Бизнис форум што се одржа во Струмица.

Тој очекува во рамките на буџетската консолидација оваа година дека ќе заврши да е на ниво под 4 проценти буџетски дефицит.

-Консолидирањето започна лани, не успеавме во 2022 и 2023 година и ќе продолжи наредната година и да дојдеме под оние 3,5 проценти, кои се нормални во европските земји. Очекувам стабилна макроекономска политика и имаме притисок за зголемување на ДДВ, но тоа нема да се случи-останува 18 отсто, иако имаме притисок за зголемување на старосната граница за одење во пензија, ние донесовме закон да бидат ангажирани пензионерите и да си платат даноци и придонеси. Нема да има зголемување на даноците, освен оној данок што мора да го зголемиме, тоа данокот на профит од 15 отсто кај одредени компании кои ги исполнуваат условите кои ги има наметнато ОЕЦД. Кај нас такви се три типа компании-странски кои работат во економските зони, странски инвеститори кои не работат во зоните и домашни компании коишто се во сопственост на мултинационални компании кои работат во Македонија, посочи Мицкоски.

Целата вест на пресс24.мк

Коментари

Популарно