Дуле си замина од светот на живите, ојде во Рајот кај сите други што ошле таму пред него.
Вчера се шокирав, читам на еден портал статија поради реакцијата на жената од Дуле. Како лелејкала и како викала по него.. Добро бе Македонијо, до кој степен на вести сме стигнати????
Ова мислам во светот никаде го немат! Чоекот не беше уште закопан и одма по порталиве се пишит што се десило при церемонијата.
Кој бил таму, кој го носел крстот, кој плачел и кој не и како биле облечени славните луѓе… господ да чуват!
За сензација све прајме во ова држава наша.
Ете например, Охрид и Охриѓани од сите страни се испљукани, и сега недај боже, (еве се поместив од место, чукнав во дрво и испљукав 3 пати) Охрид да го фатит силен земјотрес, сите портали ќе пишет колку убав бил Охрид и колку добри биле Охриѓаните.
Квалитетот на вести е далеку, многу далеку во нашата држава.
Еве искрено, јас 2 години не сум слушнал песни од Дуле и Коки и навистина жалам што згасна еден млад живот прерано. Ги жалам неговата фамилија, пријатели, жена и деца..
Дуле ќе го памтам по сите настапи пред 10тина години во дискотеката Арена, во Лапидариус и во Наполеон. Многу пату сум се начукал на неговите песни. По цело лето настапуваа во Охрид, никогаш не фрлил камен на Охрид.
Ете како последно… Лесна ти земја Дуле, господ да те простит, пеј си сега таму горе на некој облак и сигурен сум дека некој ден таму во рајот повторно ќе ни пејш на сите!
Ohrigani.mk