Ова е писмо на еден од студентите кои престојуваат во Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Покрај писмото во прилог ви нудиме и фотографии од внатрешноста на домот.

"Здраво,
една информација во врска со студентскиот дом Гоце Делцев: Во четвртокот во Б блок се откачи лифтот и падна од 8 спрат заедно со студент внатре во него. Значи лифтот пага по слободен пат и од 8 спрат до приземје паѓа за неколку секунди, за срека го задржуваат некои ланци и застанува на приземје. Од одразот студентот удира со главата во плафонот на лифтот и поминува со помали повреди. Стресот кој го доживува за време на падот неможе да се опише. Тој човек нема да влезе во лифт додека е жив.
Исто така лифтот се наога во истиот блок каде пред 2 години исто така се откачи вториот лифт кој до ден денеска стои на парчиња и отсликува еден хорор. Се надевам дека ќе ја пренесете оваа информација во медиумите. Зарем треба некој да загине за оваа наша држава почне да реагира?
Ви благодарам"