18 години без нашата најсјајна ѕвезда

 Последниот концерт на Тоше Проески на Градскиот стадион во Скопје се одржа на 5 октомври, 2007 година.

Тоше на тој концерт едноставно „даде се “, неверојатна енергија, нетрпеливата публика во огромен број го очекува својот музички миленик.  Толку е едноставно – сите го сакаме Тоше и Тоше нè сака сите.

Човекот кој уживаше додека пееше за обожавателите. Човекот кој им помагаше на помалку среќните, најчесто без да се спомене неговото име.

18 години од мигот кога за последен пат го слушнавме неговиот глас. 18 години непребол. 18 години без ѕвезденото небо и нашата најсјајна ѕвезда.

Тоше им припаѓа на сите добри луѓе. Тој е за сите времиња. Тој е бесмртен. Живее онаму каде што сакаше отсекогаш да биде – во срцата на луѓето.

И во парк може да пронајдете богатство

Во Колорадо жена пронашла 3-каратен дијамант само 10 минути после трагањето во државниот парк во Арканзас. Портпаролката на паркот, Мег Метјуз изјавила дека 71-годишната пензионерка од Аурора, Колорадо, побарала да остане анонимна.

Најпрво помислила дека е парче стакло и му го дала на синот додека таа со останатите членови од семејството продолжила да трага по драгоцени камења.

После еден час го однела својот „улов“ на вработените во паркот од кои всушност дознала дека нашла дијамант од 2,63 карати, што е најголем дијамант од сите 256 драгоцени камења пронајдени во овој парк.

Инаку, станува збор за парк, кој е еродиран вулкански кратер, кој на посетителите им дозволува да го задржат она што ќе го најдат. Вработените во паркот не пружаат услуги на проценка на вредноста на пронајденото богатство.

ФОТО: На кого личат близнаците на познатиот водител?

Водителот Ненад Ѓорѓиевски и неговата сопруга Горана, се горедаат со двеиполгодишните близнаци Љупка и Иво.  Ненад  изјави дека сопругата и тој се будни во седум часот, без оглед дали е работен ден или е викенд. 

- Со оглед на тоа дека на малите деца им е потребна рутина, а особено што со близнаци по дома тоа е неопхоно, се трудиме секојдневно да се придржуваме на истата. Во 7 часот сме сите на нозе без оглед дали е работен ден или викенд. Градинка, прошетка доколку временските прилики и воздухот надвор го дозволуваат тоа, и многу играње во нашиот дом. Кога сакаме спортуваме а кога сме мрзеливи имаме креативни минути во цртање или со пластелин. Каде и да сме што и да правиме во 20 часот сме дома во кревет- низ насмевка раскажа Ненад. Водителот открива дека од секогаш им се восхитувал на родителите на близнаци и сакал да биде како нив.

Семејството Ѓорѓиевски сака викендите и одморите да ги поминува во планина, на чист воздух, па Ненад често споделува фотки од нивните патувања. Она што е веднаш забележливо е дека близнаците многу наликуваат на својот татко.

Популарно