Неуспешна средба во Брисел - Хан ја лоцираше вината во...

timthumb

По неуспешната седба на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија и Хан во Брисел вечерва, еврокомесарот со свој коментар на Твотер го образложи неуспехот

Untitled

„Нема конечен договор во разговорите за Македонија. Многу сум разочаран од недостатокот на одговорност + лидерство кај некого“ објави еврокомесарот задолжен за проширување Јоханес Хан доцна вечерва на Твитер. Во втората порака додаде „Граѓаните заслужуваат подобра: демократија, владеење на правото и европска иднина. не се откажуваме“.

„Тошковски: Системот Безбеден град“ ќе регистрира прекршок при брзина од 57 км/ч во зона со ограничување од 50 км/ч

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја објасни примената на системот за видео-надзор „Безбеден град“, појаснувајќи како ќе се откриваат и евидентираат сообраќајните прекршоци со автоматски камери.

Според Тошковски, камерите нема да прикажуваат прекршок веднаш штом брзината ја надмине дозволената, туку ќе важат исти правила за толеранција како и кај класичните полициски радари. Тоа практично значи дека ако на место каде што е ограничено 50 км/ч, возилото се движи со 57 км/ч, системот ќе регистрира прекршок; додека доколку возите со 56 км/ч, нема автоматски да се констатира прекршок.

Тошковски појасни дека овие правила за толеранција, кои се веќе дефинирани во метролошките регулативи, ќе останат како што се досега и ќе се применуваат и преку „Безбеден град“. Тој додаде дека системот е усогласен со експертски мислења и има цел да обезбеди правично и правно издржано мерење на брзината. 

Министерот најави дека наскоро ќе биде пуштена дигитална платформа преку која граѓаните ќе можат да проверат на кои критични локации се поставени камерите за мерење на брзината и камерите за детектирање на минување на црвено светло, како и да ажурираат контакти поврзани со системот. 

Тошковски исто така наведе дека службените возила ќе бидат исклучок од автоматското регистрирање прекршоци само кога се во оправдани оперативни ситуации, но во други случаи ќе важат истите правила како за сите други учесници во сообраќајот. 

Проектот „Безбеден град“ е дел од пошироките напори за зголемување на сообраќајната безбедност и почитување на правилата на патот, со цел намалување на несреќи и жртви. 

Миле Кузмановски слави роденден со јубилеен концерт во МОБ

Еден од најпрепознатливите македонски фолк вокали, Миле Кузмановски, денес го слави својот роденден. Роден е на 24 декември 1971 година во Скопје и зад себе има богата и успешна музичка кариера.

Кузмановски има настапувано на речиси сите значајни фестивали во Македонија, како и на бројни концерти ширум светот. Публиката најмногу го препознава по баладите „Не кани ме“ и „Крал без круна“.

Досега има издадено пет албуми со авторска музика и одржано голем број солистички концерти. Вечерва, во Македонската опера и балет со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи јубилејниот концерт „35 години Миле Кузмановски“.

Не кани ме

Кривични пријави за поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца општински службеници

Поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината добија кривични пријави за „несовесно работење во службата“, информира МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе пријава против Б.С. (61), Ј.Д. (53) и Д.А. (44), сите од Пробиштип, поради сомнение дека во 2023 година постапувале спротивно на закон при издавање одобрение за градење.

Според МВР, двајцата службеници од Одделението за урбанизам не го одбиле барањето за градба, иако постоело негативно мислење од Електродистрибуција дека објектот – ресторан – не може да се приклучи на електродистрибутивната мрежа, бидејќи се наоѓал во близина на електроенергетски објект.

Поранешниот градоначалник го потпишал одобрението, со што овозможил изградба на угостителски објект на парцели кои не биле наменети за таква градба.

Популарно