ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Вака беше прегазен малиот Алмир од Куманово

Вознемирувачка снимка од безбедносни камери објави порталот Телеграфи од намерното прегазување на четиригодишниот Алмир и неговите родители во Куманово. Случајот деновиве дополнително ја вознемири јавноста откако Алмир почина во болница, како резултат на повредите.

pregazuvawe_almir

Четиригодишниот Алмир од Куманово им подлегна на повредите, откако на 25 јуни годинава заедно со неговите родители намерно беше прегазен од страна на кумановецот Бојан Илиќ.

На прегазувањето му претходела расправија во кумановската болница, кога семејството на Алмир дало предност на поитен случај за преглед, при што подоцна дошло до расправија меѓу нив и друго лице кое чекало ред во болницата.

Ситуацијата продолжила да се развива и надвор од болничката чекалница, при што по кратко време Илиќ со својот автомобил го прегази семејството. Од ударот потешко беа повредени Алмир и неговата мајка, по што веднаш беа префрлени на скопските клиники каде што Алмир неколку дена подоцна им подлегна на повредите.

Коментари

Популарно