Што е zase.mk?

Оваа веб страница претставува СЛОБОДНА ONLINE ЗОНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. zase.mk е место каде секој без никаква цензура ќе може да го сподели своето мислење, да го каже својот став и мислење за секоја област од живеењето. Покрај тоа на zase.mk можете да го објавите секое видео секоја фотографија од секоја интересна ситуација или се за што мислите дека може да го предизвика вниманието на останатите. Овде можете да се испразните за се што ве мачи, да го објавите секој ваш проблем и да побарате помош за решение на истиот. На zase.mk не морате да ги гледате вестите кои некој ви ги подметнува, на оваа веб страница имате можност вие да ги креирате вестите што сакате да ги гледате и прочитате. КОГА НИКОЈ НЕ ВЕ СЛУША zase.mk

Во одделот ЗА СЕ тимот на zase.mk секоја недела или почесто ќе задава по една тема која ќе биде предмет на дискусија. Во овој дел ќе можете слободно без цензура да го кажете вашето мислење и став на зададената тема. секторот е отворен за сите коментари.

Одделот ИНТЕРВЈУ НА ТЕМАТА е наменет за експертите, луѓето кои се упатени во темата која е зададена од тимот на zase.mk. Овде ќе оди видео интервју со експерт за темата. И овој оддел е отворен за вашите коментари. Ќе можете да кажете дали се согласувате со ставот на нашиот соговорник.

ВИДЕО АНКЕТА е местото каде ќе ја емитуваме снимената видео анкета со луѓето кои тимот на zase.mk ги сретнал на улица и ги прашал што мислат за темата. И тука ги очекуваме вашите коментари.

ОД ТЕРЕН е навистина вашата слободна зона. Во овој оддел имате можност да испратите видео или фотографија со краток опис на настанот кој сте го снимиле со вашиот мобилен телефон, фотоапарат или камера. Овде можете да испратите се што би сакале да го видат сите . Ќе можете да пуштите видео за односот на шалтерската работничка, некоректниот однос на полицијата или видео од тоа каде соседот го фрла ѓубрето. Да побарате помош буквално за се. Заедно сме појаки полесно ќе го решиме проблемот. И овде имате можност за коментари.

ГЛАСАЈ ова е местото каде ќе го побараме вашиот глас за некоја актуелна тема. Се надеваме дека вашите гласови од одделот гласај ќе бидат патоказ за челниците на државата, но и за локалните власти.

Одделот НАПИШИ е местото на zase.mk наменето за вашите текстови или колумни. Овде во форма на текст ќе можете да кажете се, за се што ве мачи или засега. Но покрај вaшите текстови во овој дел ќе објавуваме и колумнии или текстови  напишани од политичари и други јавни личности за кои ќе можете слободно да коментирате.

АРЕНАТА Е ОТВОРЕНА КОЈ ЌЕ ЈА ДОБИЕ БИТКАТА САМО ОД ВАС ЗАВИСИ

 

                                                                                                                                                                                                                                     zase.mk

Популарно