Тој тврди дека го има „лекот“ за ракот

 Александар Черниговски  на својот ФБ профил објави интересен текст за лекување на малигни болести во исламските земји. Тој наведува дека муслиманските земји не го сметаат канцерот за опасна болест и дека наводно го лекуваат “на лесен начин преку неколкудневен пост”, пишува Курир.

Тие оваа болест која кај нив е ретка, дури и не ја нарекуваат “рак” туку “ѕвер кој апсорбира неколку пати повеќе енергија во своите клетки”. Расте и расте (метастазира) и кога на човекот ќе му снема енергија, преоѓа на сите останати извори во телото, што доведува до фатален исход.

Но, кога на ѕверот ќе му се ускрати храната, тој брзо умира.

Професорите на универзитетот во Алжир сметаат дека со помош на гладувањето, канцерот умира во било кој стадиум во рок од 3 дена до еден месец. Гладувањето во оваа смисла не значи да не јадете ништо и да пиете само чиста вода. Ако столицата е нормална, темна и цврста, значи дека болеста е веќе елиминирана.

Тие тврдат дека постот е рецепт и за превенција и за лекување на ракот. Според резултатите на студијата објавена во “Proceedings of the National Academy of Sciences”, за да се излекува или спречи појавата на канцер, луѓето треба да постат третина или половина од денот.

Втората опција се “посните денови” односно внесување на максимално 500 калории на ден или потполно исфрлање на појадокот и ручекот.

Научниците од алжирскиот универзитет тврдат дека ваквата исхрана помага да ја одржите нормалната телесна тежина и спречува развој на дијабетес, канцер, Алцхајмерова болест како и болести на кардиоваскуларниот систем.

Тајната лежи во тоа што повременото одбивање на храна му овозможува на телото да произведе подобар одговор на стресот, да ги запре воспалителните процеси и да ги уништи туморите кои најчесто настануваат од исхраната, како и да ја забрза елиминацијата на оштетените и заболени клетки.

Правилен начин на консумирање на овошје

Експертите наведуваат дека овошјето е најдобро да се јаде на празен желудник. Ова е одамна објаснето од страна на д-р Херберт Шелтон (1895 – 1985), експерт за алтернативна медицина, американски натуропат, пацифист, вегетаријанец и поборник на постот.

Кога се јаде на празен стомак, секое овошје во контакт со желудочната киселина се алкализира. Во спротивно, ако се помеша со остатоци од друга храна, се произведуваат гасови и доаѓа до болки и надуеност. Освен проблеми со варење, д-р Шелтон сметал и дека јадењето овошје на празен стомак спречува опаѓање и побелување на косата, а наводно исчезнуваат и подочниците и проблемите со нервниот систем.

“Ако правилно го консумирате овошјето, вие сте ја пронашле тајната на убавината, долговечноста, здравјето, енергијата, среќата и нормалната тежина”, говорел докторот.

Неколку важни совети:

– Пијте исклучиво свежо исцедени сокови

– Немојте да консумирате овошје кое е готвено бидејќи важните нутритиенти му се уништени

– Јадењето на овошје е многу подобро од пиење на неговиот сок

– За да го детоксицирате телото, овозможете си тридневен пост со овошје (јадење овошје и пиење свежо цедени сокови).

Кажете и збогум на „проблематичната“ кожа

Не се секогаш најдобро решение  хемиските препарати, потребно е понекогаш и да „побарате“ помош од природата и природните препарати.

Еве една таква природна маска која помага за чистење на лицето и ќе ги реши проблемите со кожата.

Состојки:

-1 лажица мед

– 1 шоља чај од камилица

– пола шоља јаболков оцет

Измешајте ги медот и оцетот, па додадете го чајот.Откако добро ќе измешате оставете да отстои неколку минути па додадете го медот.

Откако и тоа добро ќе го измешате се нанесува на лицето и се остава да делува 10- 15 минути а потоа се плакне со млака вода.

Оваа маска се употребува еднаш неделно и најдобро е да ја нанесувате навечер.

ФОТО: Направете професионално белеење на забите во една сеанса

Процесот на белење на забите претставува осветлување на природната боја на забите, па токму затоа денес белењето на забите е тренд. Белата боја на забите естетски многу влијае на убавата насмевка и секогаш асоцира на здрави заби, Водород пероксид (H 2 O 2 ) е активна состојка која најчесто се користи во производите за белење и агенсот се испорачува како водород пероксид или карбамид пероксид. За да може белењето на забите да биде успешно, треба професионално и правилно да се дијагностицира видот, интензитетот и локализацијата за промена на бојата на забите.

Посакуваната белина на забите зависи од времето на изложеност и концентрацијата на избелувачкиот агенс. За таа намена најправилно е да се користат специјални клучеви за боја со кои се мери и одредува бојата на забите пред и по белењето. Овие нијанси ја одредуваат ефективноста на постапката за белење, која може да варира по градација од две до седум нијанси. Резултатите од белењето се квалитетни само со правилен протокол на постапката без притоа да се прескокнуваат фазите на работа. Ефектите може да траат повеќе месеци, но постои опција да варираат во зависност од начинот и темпото на животот на пациентот. Конзумирањето на храна која ги пигментира забите или пак пијалоци кои имаат силна боја може да ја загрозат ефективноста на третманот. Тука влегуваат храна и пијалоци кои содржат танини како што се: густо кафе, темен чај, црвенo винo, кари итн.

Во процедурите за белење по протокол се користи ефикасен заштитен слој кој се нанесува на гингивата (непцата) за да се намали ризикот од хемиски изгореници на меките ткива.

Агенсот за белење е карбамид пероксид, кој се распаѓа во устата за да се формира водород пероксид, или самиот водород пероксид. Гелот за белење обично содржи помеѓу 10% и 44% карбамид пероксид, што е приближно еднакво на концентрација од 3% до 16% водороден пероксид.

Популарно